Швајцарија одлучува за 3.200 евра минимална плата – зарем некој ќе гласа против
Швајцарците денеска гласаат за предлогот работниците да бидат платени најмалку 22 швајцарски франци односно 18 евра по час, што би било највисока минимална плата во светот.
Работодавачите во Швајцарија, според предлогот, би требало да ги плаќаат вработените најмалку по 4.000 франци или 3.200 евра месечно.
Поддржувачите за зголемување на минималната плата во Швајцарија истакнуваат дека тој потег би бил оправдан заради високите трошоци за живот во државата додека противниците укажуваат дека тоа финансиски би уништило голем број швајцарски компании.
На референдумот Швајцарците ќе се изјаснат и за поддршка за договор за купување борбени авиони од Шведска и за предлогот осудени педофили да не може да работат со деца.
Слично
