Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија не ги сака азилантите

Швајцарија не ги сака азилантите

Швајцарија се соочува со критики поради постапки спрема луѓе кои бараат азил, вклучувајќи обвинувања за сегрегација и нехумани услови за живот, јави Танјуг.

Полемиката се појави за првпат минатата недела кога сојузните миграциски власти објавија дека на северниот град Бремгартен кој има 6.500 луѓе, дозволено му е да им забрани на жителите на новиот центар за азиланти пристап до одредени јавни места – базени, сали за гимнастика, па дури и во градската библиотека и цркви.

Тоа предизвика гнев и обвинувања за сегрегација и дискриминација од страна на активисти за заштита на човекови права.

Швајцарските власти укажуваат дека се работи за извештаи засновани на недоразбирање, инсистирајќи дека оние кои бараат азил имаат само ограничен пристап до т.н. „чувствителни подрачја“ каде пристап е забранет и за швајцарска јавност како што се школи и спортски објекти за време на часовите.

Моментно во Швајцарија околу 48.000 луѓе се во процес на одговор за азил, од кои 28.631 се луѓе кои поднеле барања во минатата година, што е највисока бројка од 1999 годинa.

Слично

Поврзани вести