Швајцарија не дозволува извоз на оружје во Украина: Нашата неутралност е поважна од кога било
Швајцарската неутралност е поважна од кога било, рече претседателот Ален Берсет во интервју, бранејќи ја контроверзната забрана за извоз на швајцарско оружје во Украина.
Швајцарското оружје не смее да се користи во војни - изјави тој за неделниот магазин NZZ am Sonntag, пренесе АФП.
За долгата традиција на неутралност на Швајцарија жестоко се дебатира по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Иако богатата алпска земја, која не е членка на Европската унија, го следеше примерот на блокот во санкциите против Москва, таа досега покажа помала флексибилност во својата воена неутралност.
И покрај притисокот од Киев и нејзините сојузници, Швајцарија продолжи да ги блокира земјите кои поседуваат оружје од швајцарско производство да го извезуваат во Украина.
Досега, барањата од Германија, Шпанија и Данска беа одбиени според Законот за воен материјал, кој забранува каков било реекспорт доколку земјата примател е во меѓународен вооружен конфликт.
Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON