Швајцарија и САД потпишаа договор за банкарска тајна
Банките во Швајцарија се обврзаа, на американските власти, да им обезбедуваат детали за прекуграничните бизнис барања, Пишува Фајненшл тајмс.
Договорот кој го постигнаа Швајцарија и CАД, исто така, предвидува и финансиските институции да плаќаат казни, ако стане јасно дека се учесници во шемите за даночно затајување. Договорот се потпишува за да можат швајцарските банки да ја избегнат истрагата за нивното учество во даночно затајување од страна на американските граѓани.
Договорот најверојатно ќе го доближи крајот на меѓународната дебата за банкарска тајна, која донесе нестабилност во огромниот банкарски сектор на најголемиот оф-шор финансиски центар во светот, пишува изданието.
Во мај Европската комисија доби мандат за преговори со земјите надвор од ЕУ за размена на банкарски податоци. Целта е да се постигнат многу подобри резултати во борбата против затајувањето на даноци, што носи штета од 1 трилион евра годишно на европските земји.
Слично
