Швајцарија ги менува правилата за златото
Со цел да ги намали малверзациите на пазарот на благородни метали, владата на Швајцарија воведе измена на начинот на кој се собираат податоците за трговија со злато. Со измените, сите податоците за увоз и извоз на овој метал, од 2014 година ќе бидат водени посебно за секоја земја.
Според соопштението, оваа реформа е неопходна за усогласување со меѓународните стандарди. Властите убедуваат и дека ќе придонесе за транспарентност во трговијата.
Инаку измените доаѓаат по истрагата во 2008 кое било направено во шест рудници во Западна Африка. Истрагата потврдила дека златото го копале деца во рудниците, потоа одело за Мали по што стигнувало во Швајцарија од каде е дистрибуирано низ цел свет.
Слично
