Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија е "за" прислушувањето и "против" повисоки пензии

Швајцарија е "за" прислушувањето и "против" повисоки пензии

Првичните резултати од спроведениот референдум  покажаа дека 66 проценти од гласачите го поддржуваат закон со кој се дозволува на тајните служби да ги следат телефонските разговори и активностите на интернет. 

Швајцарците го поддржаа со големо мнозинство денеска законот за разузнавањето, решавањето тајните служби да ги следат телефонските разговори и активностите на интернет, пренесе Франс прес.

Испитувањата на јавното мислење пред референдумот прогнозираа дека за законот ќе гласаат меѓу 53 и 58 проценти.

Законот беше усвоен од парламентот во 2015 година. 

Досега во Швајцарија тајните служби на конфедерацијата имаа право да собираат само информации кои се обелоденети или кои се на располагање на други служби.

Првите резултати покажуваат дека 60 проценти од граѓаните во Швајцарија рекле "не" на предлогот за зголемување на пензиите и дека 63 проценти рекле "не" на повикот за зелена економија и за намалување на потрошувачката на природни ресурси.

На референдумот многу од Швајцарците гласаа по пошта и преку интернет, што овозможува брзо сумирање на резултатите.



Слично

Поврзани вести