Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВАЈЦАРЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Откажани 1.400 летови, авиокомпанијата ја откри причината

ШВАЈЦАРЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Откажани 1.400 летови, авиокомпанијата ја откри причината

Познатата авиокомпанија „Свис“ објави дека откажува дури 1.400 летови кои требало да се реализираат ова лето. тоа се дури 1,5 проценти од летовите во летната сезона, поточно во периодот од април до септември. 

Како што е наведено во соопштението на компанијата, оваа одлука е донесена поради недостаток на пилоти, што се смета за неопходна одлука.

Мерката се однесува на летови на долги релации, како и на мрежата на летови на кратки и средни релации, објави авиокомпанијата, подружница на Луфтханза, пренесуваат медиумите.

Според веб-страницата на „Аеротелеграф“, невообичаено голем број пилоти се надвор од служба подолг период, наводно поради бремености и несреќи. Дополнително, ресурсите се користат за обука на екипажот на новиот авион Ербас А350.

Според колективниот договор, со кој се подобрија одредбите за работното време, се наведува дека имало потреба од вработување на околу 70 работници со полно работно време.

Како краткорочно олеснување, некои постари пилоти го одложуваат пензионирањето, а персоналот со скратено работно време ги зголемува своите работни часови.

Слично

Поврзани вести