Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците не сакаат минималец од 4.000 франци?

Швајцарците не сакаат минималец од 4.000 франци?
Граѓаните на Швајцарија на 18-ти мај ќе излезат на референдум на кој треба да гласаат за зголемување на минималната плата во државата на 22 швајцарски франци (18 евра) на час, или околу 4.000 франци (3.280 евра) месечно. Иницијативата за референдум ја покренаа синдикатите и партиите од левицата, а дебатите за ова прашање во Швајцарија траат со недели. Но, големи се шансите граѓаните да не го прифатат ваквиот предлог! Причината е едноставна - Швајцарците стравуваат дека со зголемување на минималната плата во земјата ќе се зголеми и невработеноста. Според анкетата спроведена во април, дури 64% од граѓаните не го поддржуваат предлогот и ќе гласаат „против“, 30% ќе се изјаснат „за“, а само шест проценти сеуште не се одлучиле. Доколку сепак предлогот помине, Швајцарија ќе стане земја со највисока минимална плата во светот. Така на пример, во Франција заработувачката на час изнесува 9,43 евра, во Шпанија - 5,05 евра, а во Германија од 2015 година ќе изнесува 8 евра.  
Слично

Поврзани вести