Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците најдоцна одат во пензија

Швајцарците најдоцна одат во пензија
Швајцарците и понатаму одат најдоцна во пензија во споредба со поголемиот дел од земјите членки на ОЕДЦ, покажуваат истражувањата. Без оглед на тоа што разликата во должината на стажот во Швајцарија, во однос на останатите земји, е намалена во последните 40 години, Швајцарците и понатаму подоцна се пензионираат, покажуваат резултатите од истражувањето на ОЕЦД, насловено како „Панорама на пензиите 2013“. Во 1970 година, жените во Швајцарија се пензионирале на 71 година, додека просекот за останатите земји членки на ОЕЦД бил 66,5 години. Во 2012 година, за да заминат во пензија, жените во Швајцарија требало да имаат 64 години, додека просекот за ОЕЦД бил 63 години. Што се однесува до мажите, во 1970 година, тие заминувале во пензија со 72 години (68 години и осум месеци во ОЕЦД), а во 2012 година со 66 години (64 години просек во ОЕЦД).    
Слично

Поврзани вести