Швајцарците на референдум за намалување на директорските плати
Во Швајцарија се одржува референдумот за предлогот за ограничување на платите на директорите кои се бара да не бидат повисоки од 12 пати од минималната плата во компаниите каде што тие работат .
Иницијативата „01:12 - за фер плата“ доаѓа од младите социјалисти, подмладокот на Швајцарската Социјалистичка партија.
Ако нивниот предлог биде поддржан, тогаш највисока годишна плата на швајцарската менаџери ќе изнесува 576.000 швајцарски франци ( 467.000 евра ). Ова би значело дека нивните плати ќе бидат драстично намалени , бидејќи 2012 година просечната годишна плата на директори во Швајцарија изнесувала 6,7 милиони швајцарски франци (околу пет милиони евра) .
„ Некои од нив се платени по 730 франци во минута ", вели претседателот на младите социјалисти , Кристијан Леврат кој додава дека таквата плата повеќе не е оправдана.
Големите компании како што се Нестле и Новартис побараа нивните вработени да гласаат на референдумот против ограничувањата на иректорските плати. Младите социјалисти предложија одржување референдум за ограничување на менаџерски плати на почетокот на годината кога беше објавено дека отпремнината за заминување во пензија на претседателот на Новартис, Даниел Васел изнесува 72 милиони швајцарски франци (58 милиони евра).
Од друга страна , десет проценти од вработените во Швајцарија заработуваат помалку од 3242 евра месечно . И покрај ова , студиите покажуваат дека 54 отсто од граѓаните се против ограничувањата на менаџерските плати. Покрај тоа, дури и ако мнозинството од швајцарските гласачи даде поддршка, предлогот треба да го гласа Собранието од каде се изјаснија дека не ја поддржуваат оваа идеја.
Слично
