Швајцарците на референдум ќе одлучуваат за иднината со ЕУ
Гласачите во Швајцарија ќе се произнесат по прашањето за односите на земјата со Европската унија (ЕУ), соопшти претседателот Дидие Буркхалтер.
Референдумот најверојатно ќе се одржи кон крајот на 2016 - почетокот на 2017 година.
Договорите меѓу Берн и Брисел се загрозени поради резултатите од референдумот за ограничување на имиграцијата од ЕУ. Швајцарците се разделија по прашањето за ограничувањата, но сепак малку повеќе од 50% од гласовите беа за поддршка на бариерите за имигрантите од ЕУ.
Берн се обидува да воведе квоти за имигрантите од унијата, и покрај противењето на Брисел, кој се заканува со прекин на финансирањето за научни и други програми, ако биде направен обид за повторно преговарање на договорот за слободно движење на луѓе.
"Ќе биде потребно граѓаните на Швајцарија уште еднаш да гласаат каква сакаат да е иднината на билатералните договори кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година", коментира Брукхалтер во телевизиско интервју.
Слободното движење на луѓе е еден од основните принципи на Европската унија (ЕУ), кон кој Швајцарија треба да се придржува, иако не е членка на унијата, бидејќи има склучено билатерални договори со Брисел во однос на трговијата, технолошката соработка, образованието, воздухопловството, инфраструктурата и т.н.
Во принцип Владата на Швајцарија се спротивстави на идејата за воведување на квоти за имигрантите од ЕУ, но е принудена да ја спроведе одлуката на мнозинството кое учествуваше на референдумот за ограничување на имиграцијата.
K.K.
Слично
