Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците гласаа на референдум и еве што одлучија

Швајцарците гласаа на референдум и еве што одлучија

Во Швајцарија граѓаните денеска на референдуми ги одобрија измените на законите за корпоративниот даночен и на пензискиот систем и на законските одредби за заострување на условите за поседување на оружје.

Како што соопшти Централната изборна комисија, за измените на законите за даночен и пензиски систем гласале 66 отсто од избирачите што го искористија своето гласачко право, а 34 проценти се против.

Швајцарскиот претседател и министер за финансии Уели Маурер ги поздрави резултатите од референдумот, нагласувајќи дека одобрувањето на измените е од витално значење, затоа што на тој начин ќе се спречи Швајцарија да добие статус на земја „даночен одметник“, што би претставувало „егзистенцијална закана за државата“.

На вториот референдум, пак, измените на законот за оружје ги одобриле 67 проценти од избирачите, а 33 се против.

Одбивањето на овие измени ќе ја доведоа Швајцарија пред можноста да биде исклучена од европските договори од Шенген и од Даблин. Земјата нив ги почитува иако не е членка на ЕУ.

Заострените услови за поседување оружје се однесуваат на полуавтоматското оружје со големи шаржери и на некои видови пушки.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести