Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците ги отфрлија сите три предлози на референдумот

Швајцарците ги отфрлија сите три предлози на референдумот

Швајцарците денеска со голем број на гласови ги отфрлија сите три референдумски предлози - да се намалат квотите за доселениците, да се укинат паушалните даноци за богатите странци и Централната банка на Швајцарија да се обрзе да купи огромни количини на злато.

Иницијатива „Стоп за пренаселување - да ја сочуваме нашата животна средина“, која ја покрена асоцијацијата на Екопоп предвидува дека годишно во Швајцарија смеат да се доселат најмногу 0,2 одсто во однос на вкупната популација.

Прелиминарните резултати покажуваат дека таа иницијатива е отфлена со 74 одсто од гласовите, а против укунување на паушалниот данок за богати странци имало 60 одсто гласови.

Иницијативата „Стоп за пренаселување - да ја сочуваме нашата животна средина“ не доби поддржка во повеќето швајцарски кантони. Против иницијативата Централната банка на Швајцарија да се обврзе да купи огромни количини злато гласале 78 одсто од Швајцарците.

Иницијативата е покрената поради став дека Централната банка на Швајцарија во минатото продала премногу од своето злато.

 
Слично

Поврзани вести