Швајацарија одлучува за минималец од 4.000 евра
Швајцарија на 18 мај организира референдум ка кој ќе се гласа за минимална плата од 4000 евра месечно или 22 франка по час. Земјата нема пропишано минимална плата, но и сега 90 отсто од работниците заработуваат по 4000 евра месечно. Референдумот е клучен елемен во швајцарскиот систем, но не ретко работниците застанувааат на страната на работодавачите па така во 2012 година не беше изгласана одлуката за шест неделен платен одмор.
Дел од компаниите во земјата сметаат дека ваква одлука, за минимална плата може да нанесе штета на стопанството. Стапката на невработеност во Швајцарија е 4,1%.
Слично
