Шулц: Еврозоната ќе ги реши проблемите самостојно
Еврозоната ќе ги реши проблемите самостојно и без учество на руски капитал. Тоа го изјави синоќа за германската телвизија Феникс, претседателот на ЕП, Мартин Шулц.
– Многу важна порака е дека членките на монетарната унија дејствуваат заедно и немаат потреба за руски капитал за да ги решат проблемите, изјави Шулц.
Според него, неопходно е да се испрати јасен сигнал дека државите од еврозоната ќе бараат начини за излез од кризата без учество на трети држави. Тој вели дека кризата во еврозоната не е економска, туку “политичка“.
Слично
