Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шулц: ЕУ може да се распадне

Шулц: ЕУ може да се распадне

Европската унија е пред ризик од распаѓање и поддржувачите треба да се борат за зачувување. За ова алармира претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во интервју за германскиот весник „Дие Велт“.

Според Шулц има одредени сили кои имаат за цел да ја распаднат ЕУ. Коментарите на претседателот доаѓаат како одговор на неодамнешното предупредување од министерот за надворешни работи и миграција на Луксембург, Жан Аселборн дека Унијата може да не преживее.

„Никој не може да каже дали ЕУ ќе постои во оваа форма по 10 години. Ако го сакаме тоа, треба да се бориме цврсто за неа“, изјавил Шулц. Тој не прецизирал каква е заканата за ЕУ, но поголемиот дел од интервјуто е фокусирано на миграциската криза како огромен предизвик за единството и толеранцијата во организацијата.

Според Шулц, ЕУ има алтернативи и „може да има пресврт“, како друга опција е Европа, во која национализмот, границите и ѕидовите се од клучна улога. „Ова ќе биде катастрофално, бидејќи слична Европа во неколку наврати дојде до несреќа на континентот“, додал Шулц. Поделбите во Унијата поради миграциската криза се многу сериозни, како највидливи се помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на некои од земјите од поранешниот Источен блок, како Унгарија и Словачка, кои се против плановите за бегалските квоти.

Шенген зоната за слободно преминување исто изгледа загрозена, со што некои од земјите во неа донеле одново гранична контрола. Според Шулц ниедна земја не може да се справи сама со предизвиците на бегалската криза и е можна само единствена одлука на ЕУ.

Слично

Поврзани вести