Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкуваат пилотите на „Луфтханза“, откажани 3.800 лета

Штрајкуваат пилотите на „Луфтханза“, откажани 3.800 лета
Вкупно 3.800 лета на германската авиокомпанија „Луфтханза“ се откажани како резултат на тридневниот штрајк на пилотите во овој авиопревозник. Штрајкот што започна денеска ќе создаде проблеми за 425 илјади патници. Синдикатот, кој ги застапува правата на 5.400 пилоти, го организираше штрајкот поради неисполнување на барањата да се задржат постоечките правила во врска со нивното пензионирање. Авиокомпанијата ги повика синдикалците на нови преговори, со оглед на тоа што овој прекин на работата се заканува да биде еден од најголемите штрајкови во историјата на „Луфтханза“. Минатата недела „Луфтханза“ претрпе големи загуби заради штрајкот на вработените во германските авиони, што исто така предизвика откажување на стотици летови.
Слично

Поврзани вести