Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкуваат кипарските банкари

Штрајкуваат кипарските банкари
На краток штрајк повика синдикатот на вработените во кипарските банки, поради стравот дека планот за спасување на Кипар не предвидува заштита на пензиските фондови. Според соопштението на синдикатот Етик, штрајкот ќе биде одржан денес, по што вработените ќе се упатат кон седиштето на синдикатот во Никозија, а потоа ќе тргнат на протестна прошетка кон кипарскиот парламент. Кипар на 25 март постигна договор со претставници на меѓународната кредиторска тројка Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, од кои треба до добие 10 милијарди евра, со што ќе го надмине банкротот и излезот од евро зоната. Како надомест за помошта ќе мора да го намали банкарскиот сектор, спроведе структурни рефирми и да го приватизира државниот имот. Сепак Никос Анастасијадес, претседателот на Кипар, минатата недела најави  заштита на пензиските фондови во двете најголеми кипарски банки.
Слично

Поврзани вести