Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкуваат изрaелските авиокомпании, не сакаат отворено небо со ЕУ

Штрајкуваат изрaелските авиокомпании, не сакаат отворено небо со ЕУ

Изрaелските авиокомпании почнуваат штрајк заради отворањето на пазарот за европските компании, пренесоа руските медиуми. Во штрајкот учествуваат компаниите „Ел Ал“, „Аркиа“ и „Израер“ кои  денеска за порано поместија дел од своите меѓународни летови, па повеќето полетувања ќе се организираат пред почетокот на штрајкот.

Во одлуката на аеродромот Бен Гурион се откажани само утринските летови на „Ел Ал“ за Москва, Париз, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Барселона, Марсеј и Лондон. Редот на летање за втората половина од денот останува ист.

Штрајкувачите од владата бараат да го симне од дневен ред прашањето за утврдување на спогодбата „Отворено небо со ЕУ“. Договорот денеска требаше да биде ставен на разгледување во кабинетот на министерот за транспорт Исраел Кац. Документот предвидува етапно повлекување на ограничувањата за взаемни летови, што, според националните компании, ќе ги стави во неповолни услови во однос на европските конкуренти.
Слично

Поврзани вести