Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкови ја тресат Германија, откажани десетици летови!

Штрајкови ја тресат Германија, откажани десетици летови!

Повеќе илјади германски индустриски работници воглавно од автомобилската индустрија, денеска штрајкуваат поради застојот во преговорите за платите во металскиот сектор.

Синдикалците бараат зголемување на платата од 5,5 одсто за околу четири милиони работници во тој сектор кој опфаќа од производство на автомобили до електрични апарати, преку електроника и машини. Работодавачите нудат зголемување од 2,2 одсто.

Синдикатите бараат и подобри услови за обука на работниците и поволни услови за пензионрање.

Само во областа на Северна Рајна-Вестфалија, западната индустриска зона на земјата, 3000 работници во 15 компании од ноќеска ја стопирале работата на некоку часа што е вовед во долготраен штрајк, соопштил регионалниот огранок на металскиот синдикат ИГ.

Две фабрики на Форд во Келн ноќеска имале едночасовен прекин, како и фабриката за опрема на „Gestamp“ во Билефелд. Во други области исто така во тек се штрајкови или се најавени за попладне. Се штрајкува во повеќе погони на групата Дајмлер како и во фабриката на Бош.

Вработените во фарбриката на Ербас во Хамбург исто така ќе штрајкуваат во текот на пладнето, навел синдикатот.

„Разочарувањето меѓу работниците е големо. Ние се бориме за зголемување на куповната моќ“, рекол претставник од синдикатот ИГ Метал за Северна Рајна-Вестфалија и додал дека работодавачите одбиваат било што да допринесе за европското опоравување.

Слично

Поврзани вести