Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкови и се закануваат на Јужноафриканската Република

Штрајкови и се закануваат на Јужноафриканската Република
Околу 30.000 работници во автомобилската индустрија во Јужноафриканската Република, во петокот, ги напуштија своите работни места барајќи зголемување  на платите, објави Ал Џезира. Постои опасност и од штрајкови во другите индустрии, а тоа  е пауза која јужноафриканската економија не може да си ја дозволи. - Ние сакаме двоструко зголемување на платите. Кога почнаа преговорите, баравме 14 посто. Cвесни сме за своите барања и за ситуацијата во индустријата и веруваме дека зголемувањето над 10 посто би ставило крај на штрајкот - вели Мпхумзи Магунго од синдикатот на работниците. Cветските автокуќи, кои имаат производство во оваа земја, како Тојота, Форд и Џенерал Моторс, исто така се погодени од штрајкот, но аналитичарите сметаат дека нема да бидат во губиток. Cпоред нив, штрајкот кој трае речиси една недела, ќе ја чини индустријата 60 милиони долари дневно. Имајќи предвид дека рударите штрајкуваа минатата година, овој губиток, јужноафриканската економија не може да си го дозволи. Илјада работници во градежничкиот сектор се заканија дека следната недела ќе започнат свој штрајк. Исти сигнали доаѓаат и од рударите во рудникот со злато кои веќе неколку недели се во преговори. Јужноафриканската валута нагло се распадна поради проблемите на пазарот со труд, но инвеститорите се плашат дека најлошото допрва следи.  
Слично

Поврзани вести