Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкот во Ер Франс продолжува – пилотите ја одбија понудата

Штрајкот во Ер Франс продолжува – пилотите ја одбија понудата
Најбројниот синдикат на француските пилоти СНПЛ одлучи да го продолжи штрајкот во Ер Франс, и покрај последната понуда за нов дијалог од авиокомпанијата. Управата на компанијата утрово соопшти дека е подготвена да ја одложи планиранаат реорганизација на компанијата до крајот на годината за да го продолжи дијалогот со пилотите. Сепак синдикатот одлучи штрајкот да продолжи, затоа што пилотите не се задоволни од понудениот компромис. Загубите од штрајкот и прекинот на летовите, кој се очекува да трае до 26 септември, би можеле да се искачат до 180 милиони евра. Меѓу другото, пилотите на Ер Франс штрајкуваат и во знак на протест заради плановите за развој на Трансавија Франс, новата нискобуџетна компанија за која стравуваат дека може да ги замени поскапите летови на Ер Франс, особено кон туристичките дестинации на Средоземно Море. Проширувањето на Трансавија е составен дел од планот со кој Ер Франс се надева да ја зголеми заработувачката, соочена со силната конкуренција од нискобуџетните авиокомпании. се предвидува до 2017 година бројот на авиони во флотата на Трансавија да се удвои на вкупно 100, а бројот на патници да се зголеми на 20 милиони.
Слично

Поврзани вести