Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајк во Луфтханза, 25.000 патници во чекалните!

Штрајк во Луфтханза, 25.000 патници во чекалните!
Најголемиот германски авиопревозник Луфтханза откажа 200 лета заради новиот штрајк на пилотите кој треба да започне попладнево. Прекинот во работата се очекува да погодиу околу 25.000 патници. Синдикатот на пилотите „Ферејнигунг кокпит“ повика на шестчасовен штрајк во знак на протест против плановите на Луфтханза да ја промени политиката за рано пензионирање. Штрајкот ќе се одржи на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, а ќе бидат приземјени домашните и регионалните летови. Според важешките прописи, пилотите на Луфтханза имаат можност да заминат во предвремена пензија уште на 55 години, но авиокомпанијата сега сака тоа да го промени и да ги подигне минималните години за заминување во пензија, како и да ги вклучи пилотите во финансирањето на нивните пензии. Минатиот петок, германската компанија „Џерманвингс“, фирма-ќерка на Луфтханза, откажа 116 лета, бидејќи пилотите штрајкуваа исто така заради спор со управата околу програмата за пензионирање.
Слично

Поврзани вести