Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајк на учителите во Англија, не се задоволни од нивните плати

Штрајк на учителите во Англија, не се задоволни од нивните плати

 Учителите во Англија денеска организираат еднодневен штарјк, незадоволни од нивните плати, прописите за пензионирање и од условите за работа.

Со штрајкот се опфатени Лондон, северната област Камбрија, целиот југ на Англија,како англискиот североисток.

Штрајкот предизвика стотици училишта да остан затворени, а нивните ученици наместо на настава, да останат во своите домови.

Учителите се противат на најновите предлози на британското Министерство за образование за измена на досегашниот начин на определувањето на нивните плати, за зголемување на бројот на работните часови, како и за промена на системот за пензионирање.

Покрај штарјкот, во Лондон, Бристол и во Дарам се одржуваат и протести на учителите.

Во соопштението на синдикатите се вели дека денешниот штрајк е дел од продолжената кампања за серија регионални штрајкови против политиката на Владата во образованието.

Претставник на Министерството за образование го осуди денешниот штрајк на учителите, објаснувајќи дека тој е „лош за учениците и за нивните родители“.

Учителите, меѓутоа, тврдат дека морале да го преземат овој чекор, затоа што „немаат никакво друго решение.

Слично

Поврзани вести