Штрајк на белгиските железници
На втор 24 часовен штрајк повика унијата на железничките работници во Белгија во изминатите шест недели поради мерките за штедење. Штрајкот сериозно ќе го наруши железничкиот сообраќај во земјата, а ќе влијае и врз меѓународната брза железничка линија меѓу Лондон и Париз. Двете национални железнички компании ги предупредија патниците за штрајкот известувајќи дека линиите ќе бидат прекинати. Овој пат штрајкот го организира само Социјалистичката унија на железничарите во Белгија, а во меѓувреме Европската федерација на синдикати повика на еднодневен прекин на железничкиот сообраќај.
Слично
