Штрајк на аеродромите во Германија, откажани 600 лета на „Луфтханза“
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ утрово откажа 600 лета или една третина од вкупниот број летови планирани за денеска, како последица на штрајкот на персоналот на германските аеродроми.
На речиси сите големи германски аеродроми штрајкува теренскиот персонал, носачите на багаж и вработените на одржувањето. Само на аеродромот во Франкфурт во штрајкот учествуваат 1.400 вработени.
Синдикатот бара поголеми плати за 3,5 отсто плус дополнителни 100 евра месечно за околу 1,2 милиони работници во јавниот сектор.
„Луфтханза“ изведува летови и од Македонија, но во партнерство со „Аустријан ерлајнс“ и тоа од аеродромот во Виена, а тие летови денеска се одвиваат без проблеми. Утрово е реализиран и летот на „Визер“ до и од Дортмунд.
Слично
