Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТОМ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ТИЕ СЕ СЛЕДНИ: Лидерот на Чеченија упати шокантна закана, на Европа и се заканува нов воен конфликт?

ШТОМ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ТИЕ СЕ СЛЕДНИ:  Лидерот на Чеченија упати шокантна закана, на Европа и се заканува нов воен конфликт?

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека тој лично би сакал Полска да биде следната земја која ќе биде нападната од Руската Федерација.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров упати директна и отворена закана до Полска, пренесува „Бизнис инсајдер“. Тој изјави дека Полска треба да биде следната земја што ќе биде „демилитаризирана“ од Руската Федерација по завршувањето на војната во Украина.

„Што ако, по успешното завршување (војната во Украина), Русија почне да ја денацифицира и демилитаризира следната земја? На крајот на краиштата, по Украина, Полска е на мапата! Нема да кријам дека јас лично имам таква желба Јас лично имам таква намера повеќе пати кажав дека борбата против сатанизмот треба да продолжи низ цела Европа и пред се на територијата на Полска“, рече Кадиров.

Чеченскиот лидер во вторникот на 7 февруари рече дека Западот ќе ги признае сите свои грешки. Тој исто така додаде дека Европа потоа ќе мора повторно да соработува со Русија, а откри и кога ќе заврши војната во Украина.

„Европските земји ќе ги признаат грешките во своите постапки. Западот ќе падне на колена и, како и обично, европските земји ќе мора да соработуваат со Русија во сите сфери“, изјави Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија.

Ова не е прва ваква закана за Полска. Кадиров во неколку наврати отворено и се закануваше на Полска, велејќи дека војната во Украина брзо ќе заврши и дека Полска се подготвува да биде „следна“.

„По Украина, ако ја добиеме командата, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни“, изјави минатата година Рамзан Кадиров.


Слично

Поврзани вести