Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што значеше Мандела за економијата на Јужна Африка

Што значеше Мандела за економијата на Јужна Африка
Нелсон Мандела ја остави Јужна Африка во подобра економска форма отколку што беше при управувањето на белото малцинство, пишува CNBC. Петте години во периодот 1994-1999 година, во кој Мандела, познат и како Мадиба, раководеше со земјата, се карактеризираат со особено силен економски раст. Јужноафриканската економија за време на апартхејдот се бореше со меѓународните трговски санкции. "Гледајќи кон 1994 година имаше огромен страв за тоа како ќе ја промениме економијата под услов дека 84% од населението беше игнорирано. Мадиба беше многу добар во подобрувањето на трговските позиции ", коментира економистот на Citibank во Јоханесбург Гина Шуман. "Тоа ни овозможи да ги  вратиме трговските врски, особено со Европа и САД. Повеќето вештини кои тој ги  примени преку неговата способност да помирува и комуницира, навистина помогнаа. " Една од главните причини Јужна Африка да се приклучи кон земјите од БРИКС, како една од најважните растечки економии во светот, беа институциите создадени од владата на Мандела и неговиот отпор спрема политиките за национализација, слични на оние на соседната земја Зимбабве. "Мандела беше прагматичар што се однесува до економијата. Тој  ја негираше национализацијата, иако беше приоритет на Африканскиот национален конгрес (АНК) ", коментира аналитичарот во Nomura, Питер Монталто. "Една од причините земјата сеуште да има инвестициска оценка се институциите кои тој ги создаде. Откако Мандела замина, нееднаквоста се продлабочи. " И покрај сето ова, има дупки во релативно стабилната економија на Јужна Африка. Како причина за нискиот раст годинава се посчува падот на цената на златото. Во моментов економистите се загрижени за огромниот дефицит на тековната сметка на земјата. Во третото тромесечје тој влегува со 6,85 од БДП. Валутата – јужноафриканскиот ранд, се оценѕва како една од “петте кревки” валути на пазарите во развој. Годинава тој ја намали вредноста за 18% во однос на доларот. Следствено на тоа нема ниту скок во износот, главно затоа што инфраструктурата се уште е огромен проблем, особено проблемите при снабдување со електрична енергија. А тоа не го стимулира приливот на инвестиции и странски компании. „ Раководството се уште надополнува со странски инвестиции по апартхејдот“, објаснува Шуман. Во прашање е и политичката стабилност. Во изминатите неколку години се набљудува незадоволството на пазрот со труд, особено на работниците во рударството. Со огромни расходи за плати во јавниот сектор, според Шуман можностите да се намали дефицитот се мали. Во 2014г. АНК ќе биде исправен пред првиот реален изборен предизвик, откако демократските промени ги доведоа на власт. Тоа ќе биде првата година, во кое поколението кое не го памети животот пред апартхејдот ќе може да гласа. Половина од нив се без работа и токму тие можат да ја утврдат доминирачката политичка сила. К.К
Слично

Поврзани вести