Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што заклучија Меркел и полскиот премиер Моравјецки?

Што заклучија Меркел и полскиот премиер Моравјецки?

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека Европската унија мора да има заедничка политика кон Русија и Кина.

Меркел на вчера на прес-конференција со полскиот премиер Матеус Моравјецки во Варшава, потенцираше дека иднината на цела ЕУ е важна за нејзината Влада, а не само иднината на Еврозоната или на одредени групи.

Германската канцеларка и премиерот Моравјецки сметаат дека треба да се обнови „форматот Вајмарски триаголник“, во кој, освен Германија и Полска, членува и Франција, оценувајќи дека нивна блиска соработка е нужна посебно за „новата агенда по Брегзит“, но и за безбедносните прашања.

Ангела Меркел ја одбра Варшава за втора, веднаш по Париз, дестинација што ќе ја посети по реизборот за претседател на германската Влада

Според германските медиуми оваа посетата е со цел да се надминат споровите на Полска со ЕУ, но и Меркел да процени колку Варшава со новиот премиер е подготвена да се врати кон соработката со ЕУ.


Слично

Поврзани вести