Што вети Зеленски при посетата на Одеса?
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера го посети градот Одеса, каде разговараше за можен коридор за извоз на жито. Веста ја објави канцеларијата на Зеленски, пренесе Укринформ. Бара начини како да ги поддржат земјоделците за жетвата.
На средбата со локалните власти, гувернерот на Одеса, Максим Марченко ги објасни мерките преземени за одбрана на регионот од рускиот воен напад. Во пристаништата на Црното Море се блокирани 39 цивилни бродови од 14 различни држави.
Зеленски ја посети и областа, каде што се наоѓа станот во кој во април загинаа осум лица, меѓу кои Кира, тримесечното бебе, нејзината мајка и баба. Зеленски вчера го посети и Миколаев.
Денеска е 116-ти ден од почетокот на војната во Украина. Украинските власти не знаат точно колку луѓе загинаа досега, но се надеваат дека е под 100.000.
Слично
