Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Меркел за турската криза?

Што вели Меркел за турската криза?

Kанцеларката Ангела Меркел вели дека Германија сака да го  види економскиот просперитет на Турција. 

Меркел додава дека официјална Анкара треба да ѝ обезбеди независност на својата централна банка.

„Никому не му е од интерес економската дестабилизација во Турција. Но, мора да се направи сè за да се обезбеди независност на централната банка“ – рече Меркел. 

Вели дека нивни интерес е Турција да биде просперитетна. 

Во обраќањето во градот Трабзон Ердоган наведе дека фирмите треба да знаат „оти држењето на Турција жива и исправена не е само работа на политичарите, туку и на индустријалците и трговците. Тој рече дека ќе најдат нови пазари и сојузи. 

 Ердоган го оцени намалувањето на вредноста на турската национална валута како „заговор“ против Турција, нагласувајќи дека турскиот народ нема да се предаде.

Слично

Поврзани вести