Што вели Меркел за медиумите во Турција?
Мерките на турската власт против медиумите се „алармантни”, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.
Вели дека оваа тема ќе игра централна улога во преговорите за членство кои Турција го води со ЕУ.
„Што се однесува до Турција, скапоцената слобода на медиумите и слободата на мислење која постојано се ограничува, за мене и за целата влада е сериозно алармантен” - рече Меркел.
За неа ова е „тажно” и нагласи дека „новинарите ја имаат целосната поддршка”.
Турската полиција пред два дена го уапси уредникот и повеќе новинари на главниот опозициски весник Џумхуријет. Апсењата се во врска со истрагата за тероризам и активностите на имамот Фетула Ѓулен, главниот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Медиумите се постојана цел на властите од пучот на средината на јули годинава.
