Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Макрон, може ли Украина да преговара со ЕУ?

Што вели Макрон, може ли Украина да преговара со ЕУ?

Украина неодамна поднесе барање за влез во Европската Унија (ЕУ), а францускиот претседател Емануел Макрон одговори дека е нереално да се преговара со земја која  е во војна. 

Макрон на почетокот на самитот во Версај изјави дека верува оти е нереално сега да почне процедурата за пристапување на Украина во ЕУ. 

„Како што знаете, Украина, Молдавија и Грузија поднесоа официјални апликации за влез во ЕУ. Ќе разговараме за нив вечерва“, рече Макрон.

Тој додаде дека сега е многу важно да се испрати силна порака до Киев и Украинците, но неопходна е внимателност. Макрон изјави дека земјите од Европската Унија треба да се договорат за темпото со кое ЕУ постепено ќе се ослободи од зависноста од руската енергија. Најави дека во следните 48 часа повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.  Францускиот претседател изјави денеска дека условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина „не се прифатливи за никого“. 

Слично

Поврзани вести