Што вели Кадиров за напнатоста на Косово?
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека ја следи ситуацијата меѓу Србија и Косово. Според него, таму е многу сложена ситуацијата во која има трет поттикнувач – НАТО.
„По ова прашање не е можно да се заземе страната ниту на Србите, ниту на Косовците, но постои недвосмислен став кој што и едните и другите треба да го заземат. И оваа позиција, доволно чудно, не е политичка, туку религиозна“, рече Кадиров.
Кажа дека Србија е земја која отворено ја поддржувала Русија „во борбата против нацизмот и сатанизмот во Украина“.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кого добро го познавам, многу добро разбира што е НАТО и какви методи користи алијансата за поттикнување конфликти“, наведува Кадиров.
Украинскиот пратеник и член на делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Олексеј Гончаренко, во однос на актуелните случувања меѓу Србија и Косово, на неговиот профил на Твитер порача дека Украина е подготвена да го брани Косово ако Србија го нападне.
Слично
