Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ВЕЛАТ ИСТРАЖУВАЧИТЕ ЗА „ДОЛГ КОВИД“: Меѓу најчестите упорни симптоми се замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми

ШТО ВЕЛАТ ИСТРАЖУВАЧИТЕ ЗА „ДОЛГ КОВИД“: Меѓу најчестите упорни симптоми се замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми

Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела ја објави дефиниција за „долг ковид“, термин што се користи за да се опишат упорните и долготрајни здравствени проблеми што влијаат на некои од пациентите кои се избориле со болеста, а научниците се уште работат на разбирање на синдромот, наведува Ројтерс. Еве што знаат досега.

КАКО СЕ ДЕФИНИРА „ДОЛГ КОВИД“?

СЗО го дефинира долгиот КОВИД како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува во рок од три месеци од почетокот на потврдената или веројатна инфекција со коронавирусот, опстојува најмалку два месеци и не може да се објасни со друга дијагноза. Симптомите може да започнат за време на инфекцијата или да се појават за прв пат откако пациентот ќе се опорави од акутната болест.

Меѓу најчестите упорни и долготрајни симптоми се замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми. Други вклучуваат болка во градите, проблеми со мирис или вкус, мускулна слабост и срцеви палпитации, односно забрзано биење на срцето. Долгиот Ковид генерално има влијание врз секојдневното функционирање.

Студија од Универзитетот Харвард, во која биле вклучени повеќе од 52.000 кои ја прележале болеста а, чии инфекции биле само со благи симптоми или асимптоматски, сугерира дека долгите состојби на Ковид може почесто да влијаат на пациенти под 65-годишна возраст. Студијата на Харвард, исто така, открива дека новите дијагнози на дијабетес и невролошки нарушувања се почести кај оние со историја на Кови-19 отколку кај оние без инфекција.

ШТО ДРУГО СТУДИИ ПОКЖАУВААТ ДОЛГОТРАЈНИТЕ СИМПТОМИ НА КОВИД?

Во една студија објавена во медицинското списание Лансет, кинеските истражувачи објавија дека 12 месеци по напуштањето на болницата, 20% до 30% од пациентите кои биле умерено болни и до 54% ​​од оние кои биле критично болни, се уште имале проблеми со белите дробови.

ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ПОМОГААТ ВО СУЗБИВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА „ДОЛГ КОВИД“?

Мали студии сугерираат дека некои луѓе со долг Ковид имале подобрување на симптомите по вакцинирањето. Центрите за контрола и превенција на болести во САД рекоа дека се потребни повеќе истражувања за да се утврдат ефектите од вакцинацијата врз условите пост-ковид.


Слично

Поврзани вести