Што успеа Бил Гејтс да научи од Ворен Бафет?
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс напиша на „Linkdin“ дека од дружбата со Ворен Бафет, многу може да се научи.
Во продолжение, еве кои се главните придобивки од долгогодишното пријателство на Гејтс со инвеститорот Бафет:
1. Не е се во инвестициите
Првото нешто што луѓето можат да научат од Ворен, се разбира, е како да се размислува за инвестирање. За жал, повеќето луѓе застануваат само на ова, и на тој начин го пропуштаат фактот дека тој има огромно знаење за бизнисот и дека е многу моќен. На пример, тој тврди дека пазарот треба да се игнорира наместо да се следи, само затоа што на тој начин ќе ги искористите недостатоците на пазарот и грешките на компаниите.
2. Потребно е да користите своја платформа
Многу бизнис менаџери им пишуваат писмa на своите акционери, но Ворен е со право познат по неговиот стил. Ворен е подготвен да зборува отворено и критикуваат нешта, исто како што не се двоуми да заземе став, како на пример кога даде поддршка на законот за зголемување на даноците за богатите, иако тоа директно се коси со неговите интереси.
3. Морате да бидете свесни за тоа колку е драгоцено вашето време
Без оглед колку пари имате, не можете да купите повеќе време. Секој ден има само 24 часа. Ворен не дозволува неговиот календар да биде исполнет со неважни состанови. Од друга страна, пак, е многу дарежлив со одвојување време за луѓе кои му се вредни. Кога јас и Мелинда ја основавме фондацијата, пишува Гејтс, му се обратив за совет. Многу се зборуваше за идејата дека филантропијата би можела да биде на ист начин влијателна како и софтверот. Излезе дека Вореновиот брилијантен начин на гледање на светот е исто толку корисен во сузбивање и борбата против сиромаштијата и болестите, како и во градењето на бизнис.
Па, тој е едноставно уникатен, заклучува Гејтс.
Слично
