Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што спрема Русија - ја удвои флотата во Црното Море?

Што спрема Русија - ја удвои флотата во Црното Море?

Русија ја удвои флотата во Црното Море, можни се ракетни напади, тврди Украина. 

Флотата на воени бродови во Црното Море е зголемена двојно. Таа сега има осум бродови, објави на Фејсбук воената команда на јужниот регион. Еден од бродовите е фрегата вооружена со осум крстосувачки ракети Калибр.

„Ова може да укаже дека се подготвуваат ракетен напад, како и напади со беспилотни летала“, се наведува во објавата.

Украина минатата сабота соопшти дека Русија лансирала четири ракети Калибр од Црното Море.

Руската Црноморска флота е на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Војната почна лани на 24 февруари. Кина подготви план за ставање крај на војната. Украина не сака да прави компромис за територија и ги бара своите граници од 1991 година. 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот во интервју за ABC News дека идејата Кина да преговара за исходот од војната во Украина не е рационална. 

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата држава ќе воведе нови санкции кон Русија и ќе испрати уште четири борбени тенкови Леопард 2 во Украина.

Слично

Поврзани вести