Што содржи најголемата дата база на офшор тајни од Панама?
Дата базата се појави откако вработен во панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ им предал 2,6 терабајти документи на весникот „Зидојче Цајтунг“.
Протече најголемата дата база на податоци за компании досега со податоци од Панама која изложи фирми и финансиски тајни на светски лидери, политичари, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот. Од „Зидојче Цајтунг“ се обратиле во Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари, кои претходно работеа со дојави и документи од овој тип како Офшор Ликс, Свис Ликс и Лукс Ликс.
Конзорциумот една година работеше со новинари и редакции од целиот свет. Целата база за пребарување ќе биде достапна во мај.
Адвокатски фирми и финаnсиски консалтинг компаниии им помагале на овие луѓе да перат пари и да кријат имот ширум светот. Овие документи открија дека претседателот на Русија, Владимир Путин сокрил имот вреден 2 милијарди евра преку фирми и зделки во Панама, но покрај него се излжија и лидери и политичари од земјите од Западниот свет каде што корупцијата не се толерира, како премиерот на Исланд кој во моментов се соочува и со предвремени избори откако се откри дека и тој криел имот во офшор земјите.
Тука спаѓаат и претседателот на Украина, кралот на Саудиска Арабија, децата на претседателот на Азербејџан и други. За тежината на оваа протечена база на документи говори и фактот дека вечерва по објавувањето премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерун најави организирање на итен самит на лидери на кој ќе се разговара за опасностите од концептот на офшор држави.
