Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Во Бразил повторно помор, рекорден број новозаразени

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Во Бразил повторно помор, рекорден број новозаразени

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 115.228 нови случаи на корона вирусот, што е рекорден дневен биланс од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство.

Во последниот пресек починале 2.392 луѓе, пренесува Гардијан. Досега се пријавени повеќе од 18 милиони луѓе заразени во Бразил, а починале 507.109 лица.

Во овој дел на земјината топка, доминантен станува новиот ламбда сој, кој потекнува од Андите. Експертите на СЗО го проучуваат.

Од друга страна, пак, во Европа и во регионот епидемијата спласнува и стивнува, а земјите почнуваат да ги олабавуваат мерките и да се отвораат за патувања. Екпертите единствено советуваат се уште да се почитуваат основните мерки, а тоа е носење заштитна маска во затворени места и онаму каде има повеќе гужва.


Слично

Поврзани вести