Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ИНДИЈА: Властите молат за кислород и друга помош, денеска стигна асистенција од Германија, САД и други земји

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ИНДИЈА: Властите молат за кислород и друга помош, денеска стигна асистенција од Германија, САД и други земји

Корона вирусот е во смртоносен поход во Индија алармираат светски здравствени организации по вчерашниот најтежок ден во оваа најбројна земја. Таму вчера, само за 24 часа беше евидентиран највисок број починати и највисок број новозаразени од почетокот на епидемијата во светот. Беа регистрирани 3.689 починати и речиси 400.000 новозаразени, со што вкупниот број достигна речиси 20 милиони луѓе.  

Здравствените власти на Индија бараат меѓународна помош, бидејќи повеќе нема место во болниците, а нема ни кислород за хоспитализираните. Здравствениот систем е пред целосен колапс, па денеска пристигнува помош од САД, Германија и други земји кои ветија поддршка.

Индија е прва земја во светот која завчера надмина 400 илјади случаи дневно. И покрај тоа што властите дозволија да се вакцинираат сите над 18-годишна возраст, имунизацијата против Ковид-19 се одвива бавно заради недостигот од вакцини. Вчера биле вакцинирани само 86.000 луѓе во земјата која брои над милијарда жители. 


Слично

Поврзани вести