Што се случува во џамиите во Нов Зеланд каде беа убиени 50 верници?
Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, каде минатата недела напаѓачот Брнетон Тарант уби 50 верници, денес повторно ги отворија вратите за верниците.
Во џамијата Ал Нур молитвите започнаа со силно полициско присуство.
Аден Дирие, кој во нападот го загуби својот тригодишен син Мукада Ибрахим се врати во џамијата со пријателите.
Полицијата објави дека се отвора џамијата во Линвуд, втората што беше нападната минатиот петок за време на молитвата.
Повеќето жртви на нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го осуди како терористички чин, се мигранти или бегалци.
Ардерн изјави дека земјата ќе забрани употреба на полуавтоматско оружје како одговор на двојниот терористички напад во џамиите во градот Крајстчерч.
Ардерн изјавила дека очекува дека новиот закон за забрана на ова оружје ќе стапи на сила на 11 април.
