Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со туризмот во Турција?

Што се случува со туризмот во Турција?

Туризмот во Турција трпи последици поради одливот на руските туристи.

Во јуни имало пад на туристите од Русија со 98,5% и од Германија со 44,9%. Плажите и хотелите се  пусти во споредба со  минатогодишниот период 1 - 16 јуни, што покажува  пад во туристичкиот поток за 58,7%.

Ова е резултат на инцидентот со соборениот од Турците руски авион во ноември минатата година, а Русија им беше еден од двата најголеми пазари во секторот. Кон оваа криза се додаваат и зачестените терористички напади во Турција, како и политичките потреси во земјата. Сето тоа се рефлектира најмногу во главниот центар на туризмот Анталија, забележува агенцијата “Доган".

Во првите 5 месеци од оваа година бројот на посетителите е намален до 42% во споредба со истиот период лани.

Рекордниот пад на туристи од Русија и Европа доведе до продажба на над 2 000 хотели, како и до масовна рекламна кампања во други земји.

Минимален раст на интересот за одмор во Анталија има од граѓаните на Узбекистан, Саудиска Арабија, Исланд, Албанија, Иран, Грузија, Азербејџан, Литванија, Украина.

Слично

Поврзани вести