Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со цените на недвижнините во Лондон?

Што се случува со цените на недвижнините во Лондон?

Нагло опаѓаат цените на недвижнините во центарот на Лондон.

Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ придонесе да се намалат цените на недвижниот имот во најскапите делови на Лондон, во последните седум години.

Во однос на истиот период лани цените се помали за 1.5% и тоа е поради несигурноста од референдумот кој се спроведе во Британија, а од друга страна данокот за недвижен имот се зголеми. Се очекува овој тренд да продолжи.

„По референдумот многу купувачи побараа попусти на недвижнини заради политичка и економска несигурност“ - вели Том Били, директор на фирмата Кинг Франк.

Ваков пад на цените на имотите не е забележан од финансиската криза во 2009 година кога Британија беше во рецесија.

Со ова Лондон може да ја изгуби титулата „сигурно прибежиште“ за странски инвеститори. По Брегзит многу банки почнаа да се приспитуваат за работата во Британија.

Слично

Поврзани вести