Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со платите на борците од „Исламска држава“?

Што се случува со платите на борците од „Исламска држава“?

Терористичката група „Исламска држава" ги намали платите на нејзините борци во Ирак и Сирија на половина.

Американскиот заменик-министер за финансии, Даниел Глејсер потврди дека „Исламска држава" ги намалила платите, ја одолговлекува исплатата и затоа нејзините борци го напуштаат бојното поле, пишува  „Дејли мејл". За финансиската криза во „Исламска држава" сведочи и фактот дека таа ги оданочи најсиромашните луѓе кои живеат под нејзиното управување, а пред тоа тие беа ослободени од даноци.

Подолго време оваа група се наоѓа во криза, поради што се ориентираат на бизнис со автомбили и риболов за да обезбедат средства за борците.

Во последно време медиумите пишуваат дека ИД може да банкротира. Поради немањето пари, приливот на екстремисти од странство падна на 200 месечно, а пред една година бил 1500-2000 лица.

Слично

Поврзани вести