Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува со невработеноста во европските земји?

Што се случува со невработеноста во европските земји?

Најмала стапка на невработеност имаат Чешка 4%, Малта 4.1% и Германија 4.2%.

Во мај Хрватска, Бугарија, Кипар и Шпанија биле земји со најголемо намалување на невработеноста во споредба со истот период лани, објави Евростат.

Хрватска во мај имала 13.3% невработеност. Земјата имала 245.000 невработени или за 6.000 помалку од април односно 64.000 помалку од мај лани.

Во Грција невработеноста била 24,1% во март, а во Шпанија 19,8 %.

Во споредба со една година претходно, невработеноста паднала во 26 земји членки на ЕУ.

Во Латвија останала иста 9.7%, а во Австрија од 5.9% станала 6.1%.

Од вкупниот број невработени во ЕУ, младите до 25 години се  4.197 милиони, од кои две третини во еврозоната се без работа.

Во мај се забележува и намалување на невработеноста на младите во ЕУ.

Слично

Поврзани вести