ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЕДНА ОД „НАЈВАКЦИНИРАНИТЕ“ ДРЖАВИ - бројот на тешки случаи од ковид најголем од февруари лани
Бројот на тешко заболени од Ковид-19 во Израел надмина 1.000, што е најголем од февруари минатата година.
Од почетокот на јануари расте бројот на тешко болни пациенти, а синоќа беше објавено дека достигна 1.010, додека пред една недела таа бројка беше 715. Според Министерството за здравство на Израел, 301 пациент се во критична состојба, од кои 231 се на респиратор.
Професорот Еран Сегал, советник на владата за пандемијата, предвидува дека бројот на тешко болни луѓе со Ковид-19 ќе продолжи да расте и може да достигне 1.150, пред да почне да опаѓа.
Во изминатата недела стапката на смртност е зголемена за 80,7 отсто, а заклучно со петок попладне од Ковид-19 починале 58 лица во таа држава.
Слично
