Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА: Се евакуираат луѓето кои живеат кај урнатиот мост во Џенова

ШТО СЕ СЛУЧУВА: Се евакуираат луѓето кои живеат кај урнатиот мост во Џенова

Пристапот до куќите под остатоците од срушениот надвозник во италијанскиот град, Џенова е блокиран поради пукање на источниот крај на бетонската структура. 

За ова денеска информираше противпожарната служба.

Луѓето се евакуирани од куќите и становите под мостот, поради претпазливост. Тие веќе не може да се враќаат назад по своите работи, изјави портпаролот на противпожарната служба, Лука Кари.

Пожарникарите ја прекинаа работата во оваа област. 

Потрагата по исчезнатите заврши вчера кога се пронајдени последните три тела, така што досега официјален број на загинати е 43 лица.

Надвозникот „Моранди“ се урна во вторникот за време на бура, а повеќе од триесет автомобили и камиони паднаа на земјата од височина од 45 метри.

Се смета дека несреќата е предизвикана од скината сајла во еден од бетонските столбови. Ова го кажаа инженерите кои ја испитуваа несреќата.

Слично

Поврзани вести