Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Евакуирани се две села

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Евакуирани се две села

Пожар изби во руски магацин за муниција крај украинската граница, поради што се евакуирани две села. Жртви нема, ниту повредени. 

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белогородската област, информираше дека итните служби ја истражуваат причината за пожарот кој се случил во близина на населбите Тимоново и Солоти, 15 километри од границата со Украина. Во и околу Белгород во последните месеци имаше повеќе експлозии за кои Гладков ги обвини украинските сили.

Русија пред неколку дена обвини саботери за низата експлозии во магацин за муниција на Крим. Минатата недела имаше експлозии во воздухопловна база на Крим. За настанот Москва соопшти дека било несреќа. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. САД донираше оружје за Украина, но и ги опомена да нема провокации во прекуграничните области на руска територија. 

Скриншот Јутјуб

Слично

Поврзани вести