Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со жените кои со отров го убија полубратот на Ким?

Што се случи со жените кои со отров го убија полубратот на Ким?

Двете жени кои во февруари го убија Ким Џонг-Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, денеска се однесени на аеродромот во малезискиот главен град Куала Лумпур, каде се изврши убиството. 

Ова е  во рамки на полициската истрага за инцидентот.

Сити Аишја (25) од Индонезија и Доан Ти Хуонг (28) од Виетнам го испрскаа Ким Џонг-Нам со нервен отров, по што тој почина. Двете жени велат дека се измамени, и дека мислеле дека учествуваат во шега, односно дека ќе го испрскаат патникот со обична вода.

Жените биле облечени со заштитни елеци и сместени во колички со кои ги возеле низ аеродромот. Во рамки на истрагата тие се однесени до аеродромскиот ресторан, каде Сити Аишја се сретнала со неидентификуван човек, како и до тоалетите каде се случил самиот напад. 

Полицијата на Малезија и безбедносните служби од повеќе источно-азиски држави се сомневаат дека тајната служба на Северна Кореја го организирала атентатот, стравувајќи дека Ким Џонг-Нам може да биде искористен за создавање поделби во владејачката династија во Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести