Што се случи со луксузната јахта на Садам Хусеин?
Луксузната јахта на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин се претвори во руина.
Рѓосани остатоци од јахтата се превртеа во река во јужниот ирачки град Басра и сега таа служи како дестинација за излетници и рибари. Јахтата „Ал Мансур“ долга 121 метар е симбол на богатството и моќта на Садам кога беше направена во 1980-тите, а денес е дестинација за туристите. Садам никогаш не се качил на јахтата, а таа може да собере 200 луѓе. Јахтата ја оставил во Басра, неколку недели по инвазијата на Ирак на 20 март 2003 година. На 17 март 2003 година екс американскиот претседател Џорџ Буш поставува 48-часовен ултиматум до Хусеин да го напушти Ирак за да ја избегне војната. Откако Хусеин одбива да ја напушти земјата, на 20 март 2003 година почнува меѓународна воена операција „Слобода за Ирак“.
